Актуелната македонска ракометна репрезентација ги победи ветераните во спектаклот вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, на кој им се оддаде признание на сите ракометни легенди кои ги постигнаа најголемите успеси на македонскиот ракомет, но шоуто во еден момент го украде легендарниот пивот –ветеранот Ванчо Димовски.
Со велемајсторска шрауба од девет метри ја крена салата на нозе постигнувајќи го голот на натпреварот.