Македонската ракометарка Сара Ристовска одигра извонреден натпревар за екипата на ЦСКА Москва во победата против Ростов Дон (33-31) и даде огромен придонес во освојување на титулата.
По голема борба регуларниот дел од дуелот заврши 25-25, но во продолженијата ЦСКА оствари триумф од два гола, додека Ристовска го заврши мечот со осум голови.
Ова за Ристовска беше последен меч во дресот на ЦСКА, а од следната сезона ќе игра за Букурешт.