Шведска остана во игра за полуфинале на ЕП во ракомет – победи во натпревар со дури 73 голови надПортугалија со 40-33 и направи крупен чекор кон полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Судии на овој натпревар беа македонските судии Начевски и Николов. Натпреварот во првиот дел беше неизвесен, двете селекции се менуваа во водство, пред одморот Швеѓаните успеаа да направат серија од 6-1 и да дојдат до предност од 19-15.
Во вториот дел Шведска ја имаше контролата врз резултатот, на крајот и ја зголеми предноста до конечни 40-33. Најефикасен во составот на Шведска беше Пелас со десет голови, кај Португалците Коста реализираше осум голови. Скандинавците со овој триумф остануваат во игра за полуфинале на ЕП со оглед што имаат шест бодови, колку и лидерот во групата Данска со натпревар помалку, а два повеќе од Словенија и Португалија, против кои имаат победа во меѓусебните пресметки.