Голманот на Вардар, Мартин Томовски се најде во идеалниот тим на 11.коло во ракометната Лига на шампиони.

Македонскиот репрезентативец имаше феноменална партија на гостувањето кај Монпелје пред два дена и беше еден од клучните во победата против лидерот во групата. Тој собра вкупно 14 одбрани и заслужено е во идеалната постава.

Покрај нашиот голман тука се и Дилан Наи, Сандро Обрановиќ, Сташ Скубе, Дика Мем, Иван Чупиќ, Мохамед Мамду.