Норвежанецот Јоханес Тингнес Бое е победник на трката во биатлон на 15 километри со масовен старт, освојувајќи го рекордниот 15-ти златен медал за Норвешка на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Норвежаните пред четири години во Пјонгјанг освоија 14 златни медали и ова е нивниот досегашен рекорд кој го делеа со Германија и Канада. Германците исто така освоија 14 злата во Пјонгјанг, додека Канада 14 злата во 2010 година во Ванкувер.
По триумфот на Бое, Норвежаните стигнаа до рекордното 15-то злато во Пекинг, шесто во биатлон. Тоа е четврто злато во Пекинг за Јоханес Тингнес Бое, кој славеше и во спринт, машка и мешана штафета, а освои и бронза во поединечна трка.
Бое славеше иако имаше четири промашувања, но на крајот беше најбрз со резултат 38:14,4. Среброто го освои Швеѓанецот Мартин Понсилуома, кој имаше две промашувања помалку, но и 40,3 секунди заостанување. За Понсилуома, светскиот шампион од Покљука во спринт, ова е прв олимписки медал во кариерата.
Трет беше Норвежанецот Ветле Сјаштад Кристијансен со три промашени цели и повеќе од една минута заостанување. Кристијансен има злато и во штафетата 4х7,5 километри. Французинот Квентин Фијон Мејлет, кој освои пет медали во Пекинг, заврши како четврти откако промаши три цели во последното пукање.
Тоа беше последното натпреварување во биатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг. Норвешките биатлонци доминираа во Пекинг, освојувајќи вкупно 14 медали, од кои шест златни. Франција освои седум медали во биатлон со три злата, додека Германците и Швеѓаните освоија по едно злато.
Севкупно, тоа е 15-то злато за Норвешка, што е рекорден број и прво во историјата на Зимските олимписки игри.
Биатлон, 15 км со масовен старт, РЕЗУЛТАТИ:
1. Јоханес Тингнес Бое (Нор) 38: 14,4 мин. (4)
2. Мартин Понсилуома (Шве) +40,3 сек. (2)
3. Ветле Сјаштад Кристијансен (Нор) +1: 12,5 Мин. (3)
4. Квентин Фијон Мејлет (Фра) +1: 25,6 (5)
5. Доминик Виндиш (Ита) +1: 38,4 (3)
6. Стурла Холм Легреид (Ное) +1: 46,1 (5)
7. Сајмон Едер (Аут) +1: 56,4 (2)
8. Бенедикт Дол (Гер) +2: 31,4 (6)