По освојувањето на златото во скиатлон, норвешката репрезентативка во крос-кантри скијање, Тереза Јохауг, победи и на класиката на 10 километри, освојувајќи го својот втор златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Со победата во скиатлон, кој вклучува 7,5 километри во класичен стил и 7,5 километри во слободен стил, Норвежанката стана првиот освојувач на златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Јохауг денес славеше и во класиката на 10 километри, освојувајќи го вкупно петтиот олимписки медал, а вториот во Пекинг.
Таа има и штафетно злато од Ванкувер во 2010 година и сребро (30 километри слободно) и бронза (10 километри класично) од Сочи во 2014 година.
Јохауг победи со резултат 28:06,03, со само 0,4 секунди предност пред Финката Кертус Нисканен, додека бронзата ја освои другата финска натпреварувачка , Криста Паркакоски со 31,5 секунди заостанување.