29-годишниот Австриец Јоханес Штролц славеше во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Како одличен слаломски скијач го искористи доброто време од спустот .
Очекувано по неговата добра трка во спуст во која се најде во Топ 10 како еден од најдобрите слаломски скијачи, Јоханес Штролц го изведе најдоброто слаломско возење и го надополни заостанувањето зад Александар Омод Килд и стигна до златото во комбинација .
Австриецот беше единствениот што извоза слалом за под 48 секунди, беше убедливо најдобар со 47,56, а Килде заостана секунда и 26 зад него во слаломот, па вкупно беше подобар за 59 стотинки.
Изненадувачки добар слалом направи Џејмс Крафорд, кој второто место од спуст го претвори во бронза, а напредок во однос на спустот направи Џастин Мурисје, кој заврши четврти.
Марко Шварц имаше одлична позиција пред слаломот во кој е одличен, 95 стотинки зад Килде, но не ја заврши работата толку добро како Штролц, па го задржа петтото место.
Третиот од спустот, Канаѓанецот Броди Сегер очекувано го расипа пласманот, слаломот го заврши за 51 секунда и 49 стотинки и на крајот е деветти.
Штролц на тој начин ја продолжи традицијата во своето семејство бидејќи и неговиот татко Хуберт во Калгари во 1988 година освои злато на Зимските олимписки игри во слалом. Убава приказна за Штролц, кој половина сезона беше надвор од австриската репрезентација и се финансираше и се грижеше самиот за себе, а се врати во последен момент.
Алпска комбинација, вкупно:
1. Јоханес Штролц (АУТ) 2: 31,43 мин
2. Александер Аамод Килд (НОР) +0,59 с
3. Џејмс Крафорд (КАН) +0,68
4. Џастин Мурисје (ШВА) +0,86
5. Марко Шварц (АУТ) +1,28
6. Барнабас Солос (ИЗР) +1,75
7. Рафаел Хасер (АУТ) +1,84
8. Бродерик Томпсон (КАН) +2,77
9. Броди Сегер (КАН) +3,60
10. Кристоф Инерхофер (ИТА) +4,37