Апсолутен владетел на дисциплината крос во сноуборд е Австриецот Алесандро Хамерле. Со победата во Пеикнг ја обедини светската и олимписка титула во таа дисциплина .
Австриецот Алесандро Хамерле го освои златниот олимписки медал во Пекинг во сноуборд, во дисциплината крос.
Актуелниот светски шампион во оваа дисциплина славеше во фотофиниш пред Канаѓанецот Елиот Грондин, додека бронзата ја освои Италијанецот Омар Висинтин.
За Австрија ова е дванаесетти медал на Зимските олимписки игри, сега има четири златни, сребрени и бронзени медали. Хамерле беше седми на последните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, додека Грондин беше само 36-ти пред четири години.
Крос, ФИНАЛЕ:
1. Алесандро Хамерле (Австрија)
2. Елиот Грондин (Кан)
3. Омар Висинтин (Ита)
4. Џулијан Луфтнер (Австрија)