Норвежанецот Јоханес Хосфлот Клаебо го освои златото во машки спринт, славејќи во финалето пред Италијанецот Федерико Пелегрино .
Исто како на Олимпијадата во Пјонгчанг. Јоханес Хосфлот Клаебо уште еднаш ја однесе победата пред големиот Италијанец Федерико Пелегрино.
Пелегрино се закануваше до самиот крај, но Клаебо беше побрз и во финишот влезе со 26 стотинки предност.
Клаебо со оваа победа го одбрани златото од Пјонгчанг, а треба да го одбрани и златото во штафетата 4 × 10 километри и екипен спринт. Во Јужна Кореја стартуваше на четири трки и освои три злата, единствената трка во која не направи ништо посебно беше скиатлонот во кој влезе во целта како десетти. Овде имаше и полош настап во скиатлон каде заврши само како 40.
Бронзата ја освои Русинот Александар Терентјов, со секунда и 31 стотинка заостанување зад победникот и речиси секунда предност пред Финецот Јони Маки, кој заврши на четвртото место.
Спринт:
1. Јоханес Хосфлот Клаебо (Норвешка) 3: 58.06
2. Федерико Пелегрино (Италија) +0,26
3. Александар Терентјов (Русија) +1,31
4. Јони Маки (Финска) +2.12
5. Артјом Малцев (Русија) +3,59
6. Оскар Свенсон (Шведска) +6,17