Македонската претставничка на Зимските олимписки игри во Пекинг , Ана Цветановска го освои 95 место во конкуренција на 98 натпреварвачки во крос кантри трката на 10 километри .
Цветановска делницата ја помина за 39.57.7 минути, a oд победничката Терезе Јохауг имаше послаб резултат за 11.51,4 минути.
Траката донесе драматичен расплет. Јохауг победи со време 28.06,3 минути и беше побрза са замо четири десетинки од Керту Нисканен од Финска.
Претходно Цветановска требаше да настапи и на трката 7,5 + 7,5 км во скијатлон , но поради ситуацијата со ковид-19, организаторот реши да го намали бројот на учесници, па македонската репрезентативка отпадна.