Словачка и Данска се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот турнир. Словаците ја надиграа Германија додека Данска имаше потешка работа против Летонија .
Покрај четирите репрезентации кои директно се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот турнир, денеска ќе ги дознаеме и преостанатите четвртфиналисти. Данска имаше многу работа против Летонија додека Словачка доминираше против Германија.
Словаците одиграа одличен натпревар и не само што беа поефикасни туку беа и подобар противник. Тие славеа со лесни 4-0 и не дозволија Германија да го искомплицира натпреварот.
Во првиот дел, Либор Худачек погоди за водство на Словаците, а клучните моменти се случија во средината на вториот период кога Чехларик и Кристоф ја одведоа Словачка на 3:0. Точка на победата стави Хривик на крајот од мечот.
Данците во вториот меч по голема борба ја совладаа Летонија со 3:2. До самиот крај Летонците се обидуваа да израмнат, но Данска издржа.
Данска поведе во 13. минута со голот на Мортен Поулсен , за Летонија да направи пресврт со двата гола на Лаурис Дарзинс. Следеше добар период за Данска, кој го круниса на крајот од вториот период преку Јулијан Јакобсен, а на почетокот на третиот преку Маркус Лауридсен , кој погоди за нов пресврт.
До крајот на мечот Летонците се обидуваа да израмнат, но не им успеа и Словачка и Данска се пласираа во четвртфиналето.
Хокеј на мраз, осминафинале:
Словачка – Германија 4:0
Данска – Летонија 3:2