Амос Мосанер и Стефанија Константини го обезбедија првиот олимписки медал за Италија во карлинг. Тие ја приредија една од најголемите сензации во историјата на Зимските олимписки игри, откако ја победија Шведска и стигнаа до финалето, а со тоа ги излудеа италијанските коментатори.

Мосанер и Константини ја победија Шведска со 8-1. Италија во финалето ќе игра против Норвешка, а нивната пресметка е закажана за в четврток. Норвешка на последните Зимски олимписки игри освои бронзен медал, а во полуфиналето ја совлада Велика Британија и со тоа обезбеди уште еден олимписки медал во карлинг.

Италијанците емотивно го доживеаја пласманот на Мосанер и Константини во финалето. Еуроспорт на Твитер ја објави реакцијата на двајца италијански коментатори кои потсетуваат на оние од најважните фудбалски натпревари на големите натпреварувања.