Сенегал синоќа го освои Африканскиот куп на нации во Камерун по подоброто изведување пенали.

Сенегал имаше шанса да погоди од белата точка во седмата минута, но ударот на Мане одлично го одбрани Габаски. Во пресрет на пеналот, египетскиот капитен Мохамед Салах, соиграчот на Мане од Ливерпул, му пријде на Габаски и му откри каде ќе шутира Мане. Се испостави дека Салах бил во право, а тоа го изнервирало неговиот клупски колега Мане. Финалето заврши со драма од пенали, но вистинско чудење по мечот предизвика шишето со вода на египетскиот голман.

Заборавил да го земе со себе, а пронаоѓачот открил необична содржина. Имено, содржеше детални инструкции за шутерите на пенали од Сенегал. Навивачите коментираат на Твитер дека предметот мора да се најде во спортски музеј, иако тоа не им помогнало на Египќаните.

https://twitter.com/SaddickAdams/status/1490563048096116736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490563048096116736%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fegipatski-golman-zaboravio-je-posebnu-bocicu-s-vodom-odmah-je-postala-hit%2F2338018.aspx