Серијата голови започна во четвртата минута кога младиот хрватски напаѓач Габријел Видовиќ погоди по големата грешка во одбраната на Тотенхем. Момчето, кое е дете на Баерн, а минатата сезона играше во Динамо Загреб како позајмен фудбалер (постигна седум гола на 27 натпревари), ќе се обиде да се избори за минутажа во баварскиот гигант и затоа овој гол многу ќе му значи.
Леон Горецка во два обиди го загреа Гиљермо Викарио, а потоа и погоди за 2-0. Тогаш беше јасно дека германскиот гигант ќе слави, но Педро Поро го имаше последниот збор и со еврогол ги ублажи поразот.
Новата сезона во Англија почнува на 17/18 август, а во Германија една недела подоцна.