Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона одиграа пријателски натпревар во САД кој го добија каталонците со 2-1.
Прв на гол се израдува Реал Мадрид, но голот на Арда Ѓулер беше поништен поради офсајд.
Резултатот беше отворен во 42. минута кога по асистенција од Левандовски, Пау Виктор постигна гол со глава за водство на Барселона од 1-0.
По осум минути игра во второто полувреме 22-годишниот Виктор постигна уште еден погодок и го зголеми водството на каталонскиот клуб на 2-0.
По еден центаршут од корнер во 81. минута, Нико Паз остана сам и ја смести топката во мрежата на Барселона за конечен резултат од 2-1.
Натпреварот помеѓу Барселона и Реал привлече големо внимание бидејќи на Метлајф стадионот имаше преку 80.000 навивачи, а на крајот блауграните успеаја да победат. Дуелот не започна според планот, затоа што беше прекинат поради невреме. Публиката беше евакуирана од трибини, а играчите испратени во соблекувална.
Ханси Флик повторно им даде шанса на младите од Ла Масија и Барселона Б и овој тим одигра навистина добар натпревар, а некои играчи покажаа дека може сериозно да се смета на нив. Херој на Барса беше Пау Виктор, кој игра одлично на подготовките, а по голот против Манчестер Сити, овој 22-годишник дури двапати успеа да ја затресе мрежата на кралскиот клуб во 42. и 54. минута.
До крајот на подготовките во Америка, екипата на Барселона ќе ги одмери силите со Милан, додека Реал Мадрид ќе игра со Челзи.