Австралискиот тениски пар Метју Ебден и Џон Пирс го освои златниот медал на Олимписките игри откако во финалето беа подобри од Американците Остин Крајичек и Раџив Рам со 2-1 во сетови, односно 7-6, 6-7 и 10-6.
Ебден по елиминацијата во прво коло во сингл-конкуренција од Новак Ѓоковиќ влезе во одличен ритам со неговиот колега Пирс во конкуренција на двојки.
Искусниот тенисер во текот на кариерата двапати освои гренслем-трофеј во двојки, додека во сингл нема освоено титула, а највисок пласман му е 39. место во 2018 година.