Ивановски во сингл во два сета го победи Петар Јовановиќ со 6-4, 6-3, но Црногорците потоа се вратија со триумфот во два сета на Резарт Цунгу, кој против Берк Бугариќ славеше во два сета со 6-4, 6-0, по што мечот го решаваше дуелот во двојки.
Во клучната пресметка, Ивановски и Србљак славеа во два сета со 7-5, 6-3 за конечен триумф на Македонија, која вчера загуби со 1-2 во пресметката со Луксембург.
Црногорците со два порази се последни во групата, а Македонија има скор 1-1 по две кола, додека во тек е дуелот на Молдавија и Луксембург од ова второ коло. Молдавија е нашиот следен противник.