Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на светот од страна на еден од најпрестижните светски медиуми, француски „Л’Екип“.
Ѓоковиќ имаше фантастична година во која славеше на три од четирите грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен) со што стана тенисер со најмногу трофеи на оваа сцена. Потоа тој ги освои Мастерсите во Синсинати, Париз како и завршниот АТП турнир во Торино, плус ја заврши годината на првата позиција на листата.
https://x.com/lequipe/status/1740152421878239667?s=20
Сето ова придонесе Ноле да биде избран за најдобар спортст пред пливачот Леон Марчанд и старо-новиот Ф1 шампион, Макс Ферстапен.
Кај дамите пак титулата најдобра спортистка ја понесе гимнастичарката Симон Бајлс.
https://x.com/QuentinMoynet/status/1740153076789768567?s=20