Американската скијачка Микаела Шифрин беше најбрза на велеслаломот кој се возеше во австрискиот ски-центар Лиенц и ја оствари 92. победа во Светскиот куп.
Шифрин до триумфот стигна со време од 2.05.98, а зад неа на подиумот ги остави Федерика Брињоне и Сара Хектор.
Утре во Австрија се вози последната трка во слалом во 2023 година.