Ѓоковиќ кажува дека Брајант со совети му помогнал во моменти кога размислувал да го напушти тенисот.
Српскиот тенисер во 2017 година имаше проблеми со лактот, па мораше да го предаде мечот против Томаш Бердих во четвртфиналето на Вимблдон.
„Коби секогаш ми помагаше кога беше најпотребно. Кога имав операција на лактот, не се чувствував добро. Размислував да го напуштам тенисот, но Коби ме охрабри и ме премисли“, кажа Ѓоковиќ.