Хрватската тенисерка Петра Марчинко е новото чудо во „белиот спорт“, откако игра неверојатно во 2022 година во која има скор 23-0 со триумф на јуниорскиот Австралија опен, а потоа и на неколку сениорски турнири.
Таа има само 16 години и ѝ најавуваат блескава иднина, откако денеска со победата над некогашната Топ-50 тенисерка, Јифен Ванг, се пласира во финалето на ИТФ турнирот во Анталија. Импресивно е што средбата заврши со неверојатни 6-0, 6-0 во корист на хрватската тениска сензација, резултат кој неретко може да се види на нејзините дуели.
Марчинко во моментов е 928. на ВТА-листата, со напомена дека дури од скоро се најде на неа, бидејќи за тоа е потребно да се има најмалку 16 години.