Српската теиска двојка Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ вечерва беа поразени во решавачкиот дуел во игра на двојки, од Италијанците Лоренцо Сонего и Јаник Синер со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6 и останаа без финале во Дејвис купот.
Италијанците ја искористија првата брејк-топка во првиот сет и поведоа со 4-2, по што Кецмановиќ и Ѓоковиќ немаа сила да се вратат во сетот и загубија со 3-6.
Проблемите за Србија продолжија и на стартот на вториот сет откако загубија гем за водство на Италија од 2-1. Сепак, нашите соседи за момент се соземаа и ја вратија неизвесноста (3-3). По големиот број неискористени брејк-шанси следуваше казна во седмиот гем (4-3), по што Сонего и Синер без мака ја потврдија победата (6-4).