Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска со својот партнер во двојки, Лука Микрут од Хрватска го загуби полуфиналниот меч во два сета (6-7, 3-6) од првите носители Адам Тејлор од Австралија и Ерик Вашелболм од Украина.
После израмнет прв сет, еден момент реши сѐ во тајбрејкот за водство, па македонско-хрватската комбинација загуби со 7-9 во тајбрејкот, но потоа до четвртиот гем во вториот сет играа израмнет меч, по што го загубија својот сервис и тука беше најавата за елиминацијата.
Австралиско-украинската двојка беше сигурна на свој сервис, па го искористи брејкот за на крај дојде до триумф со 6-3 и обезбеди финале.