Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз игра во одлична форма и се пласира меѓу најдобрите осум на Ролан Гарос, а на последниот меч одушеви со еден потег.

Алкараз го победи Качанов, а еден од поените кој го освои Шпанецот беше маестрален. Тој ја крена публиката на нозе откако го лобува противникот и тоа со удар меѓу нозете, многумина веќе го оценија овој потег како поен на сезоната.