„Не можам да бидам посреќен и погорд! Горд сум на себе и на моето семејство, а оваа награда е благодарение на соиграчите, зашто без нив немаше ни да ја добијам оваа награда. Среќен сум зашто конечно добив ‘златна копачка’“, рече Тричковски.
Тој е дете на Вардар, кој во кариерата уште играше и за Работнички, белградска Црвена Звезда, кипарски Енозис и АПОЕЛ, белгиските Бриж и Васланд Беверен, Ал Наср од Емиратите и полска Легија Варшава, а од 2016 година е дел од АЕК.