Во спектакуларното полуфинале на шпанскиот Суперкуп, Реал ја победи Барселона со 3:2 по продолженијата. Головите за кралевите ги постигнаа Винисиус (26), Бензема (72) и Валверде (98), а за Барса погодија Луук де Јонг (41) и Ансу Фати (83).
Реал двапати водеше, Барса двапати се враќаше, но третиот пат не можеше. Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Фахд“ во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Заедно со Барса и Реал утре на турнирот ќе играат и Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Финалето се игра во недела.
Ова е втор пат во историјата шпанскиот Суперкуп да се игра во Саудиска Арабија. Таму веќе играше пред две сезони, кога трофејот го однесе Реал Мадрид. Ова е втора сезона по ред како натпреварувањето се игра во фајнл-фор формат. Реал се пласираше како вицешампион на Шпанија, а Барселона како финалист на купот.