Интер го освои италијанскиот Суперкуп по тешката и драматична победа против Јувентус (2:1). Чилеанецот Алексис Санчез ја донесе титулата кога веќе сите почнаа да се подготвуваат за пенали.
Јувентус поведе во 25. минута. Вестон Мекени беше прецизен на асистенција на Алваро Мората. Сепак, на Интер му беа потребни само десет минути за да се врати. Лаутаро Мартинез постигна гол од белата точка за изедначување.
Резултатот не се смени до крајот на 90. минута, па натпреварот отиде во продолжение. Победникот беше решен дури во 120. минута. Алекс Сандро направи голема грешка. Тој тргна да ја прими топката со гради во својот шеснаесетник, но противникот му ја одзеде. Таа се одби до Алексис Санчез кој постигна гол за големото славје на Нероаѕурите.
Ова беше шеста титула за Интер во ова натпреварување. Пред нив е градскиот ривал Милан со седум титули и Јувентус со девет.