Фиорентина во денешниот натпревар со пресврт и два гола од пенал против римски Лацио стигна до првата победа од сезоната
Лацио пред крајот на првото полувреме со голот на Шпанецот Гила прв стигна до водство и на пауза замина со предност од 0-1.
По само четири минути игра во второто полувреме Фиорентина преку Гудмудсон од пенал дојде до израмнување. Вториот гол домаќините го постигнаа на ист начин во 90. минута и повторно стрелец беше Гудмудсон.
Фиорентина дојде до шест бода со кои е на средина од табелата од друга страна Лацио остана на седум.
https://twitter.com/i/status/1837829637390414285