Во 22. коло од шпанската Примера, фудбалерите на Валенсија поведоа со 2-0 против Атлетико во Мадрид. Имаа и 2:1 до 91. минута, но на крајот славеше Атлетико со 3:2.
Мусах во 25. минута и Хуго Дуро во 44. минута и донесоа големо водство на Валенсија од 2-0 во пресрет на вториот дел. Но, враќањето на домаќините со силна поддршка од трибините започна во 64. минута, кога Куња намали на 1:2.
Беше 1:2 до судиското продолжение, а потоа Кореа ја искористи конфузијата на гостинската одбрана и израмни на 2:2. Тоа не беше крајот и Атлетико го постигна третиот гол во 93. минута, по одлична акција. Стрелец на голот за три бода беше Хермосо.
Атлетико остана на четвртото место на табелата, но сега има четири бода помалку од третопласираниот Бетис. Валенсија остана на деветтото место. Да потсетиме, претходно во саботата, фудбалерите на Севилја беа на сличен пат како Атлетико, но сепак освоија бод. Селта водеше со Севиља 2:0, но диелот заврши со реми(2:2).