Аргентинците имаат неверојатна страст и љубов кон националната репрезентација, па дури и нереално делуваат преку 40.000 навивачи кои се пристигнати во Катар за да навиваат за „гаучосите“ и да го живеат сонот за нова светска титула, прва по 1986 година.
Аргентинците веќе сега се светски шампиони кај навивачите, зашто на цела скапотија во Катар и на толкава оддалеченост, успеаа да дојдат илјадници, како на мечот со Холандија на најголемиот стадион „Лусаил“ и да направат атмосфера како да се игра во Буенос Аирес, а не во Доха, десетици илјади километри оддалечена.
Аргентина веќе со години има сериозни проблеми во државата со беспарица, банкрот, со пола нација која живее во сиромаштија, ама…