Манчестер јунајтед го доживеа вториот пораз во последните три меча во Премиерлигата, откако загуби на гости кај Њукасл со 0-2 и падна на четвртата позиција во лигата.

Фудбалерите на Еди Хау имаа тотална доминација на теренот во првиот дел, но не најдоа начин да го матираат голманот Давид Де Хеа. Сепак, Њукасл во вториот дел постигна два гола преку Вилок во 65. и Вилсон во 88. минута за голема победа од 2-0.

Њукасл има 50 бодови, колку и Манчестер јунајтед, но подобра гол-разлика од ривалот, додека пред нив се Манчестер сити со 64 и Арсенал со 72 бода.