Фудбалерите на Рома славеа со 3-0 против Сампдорија во италијанската Серија А и се врати во трка за пласман во ЛШ.
Рома постигна три голови во вториот дел, а прв во листата на стрелци се запиша Вајналдум во 57. минута, по што во финишот од мечот погодија Дибала и Ел Шарави.
Римјаните по 28 одиграни кола се наоѓаат на четврто место со 50 бодови, колку што има и Интер, а пред нив е Лацио со 55 и Наполи со 71 бод.