Екипата на Аталанта со неверојатни 3-0 на гости го нокаутира тимот на Ливерпул, а гостински триумф оствари и Рома која со 1-0 го совлада Милан на Сан Сиро.

Ливерпул е пред елиминација од Лига Европа откако пред своите навивачи доживеа тежок дебакл од Аталанта.

Подвигот на Аталанта го најави Скамака со гол во 38. минута, истиот фудбалер беше стрелец и во 60. минута за 2-0.

Победата од 3-0 за Аталанта ја запечати Пашалиќ со гол на седум минути до крајот.

 

 

Победнички од гостување си оди и Рома која со 1-0 го совлада Милан на Сан Сиро. Манчини во првото полувреме беше стрелец на единствениот гол.

 

Баер Леверкузен со голови на Хофман и Бонифаце во финишот од натпреварот го победи Вест Хем со 2-0.

Бенфика со 2-1 го совлада Марсеј. Рафа Силва и Ди Марија ги постигнаа головите за португалскиот тим, Обамејанг беше стрелец за гостите.