Аргентинскиот ас Лионел Меси четири пати ја освои Лигата на шампионите во Европа, но за оној наменет за најдобриот тим во Северна и Централна Америка ќе мора да почека најмалку уште една година. Мексиканскиот Монтереј победи и во вториот натпревар од четвртфиналето против Интер Мајами со 3-1 и со вкупни 5-2 се пласира во полуфиналето, каде го чека американскиот МЛС-лигаш Колумбус.
Монтереј не му остави ни грам надеж на исклучително силниот Мајами. Мексиканскиот тим со голот на Васкез во 31. минута поведе со 1-0, а на стартот од вториот дел во 58. и 64. минута Бертрам и Гаљардо беа стрелци за недостижни 3-0.
Жорди Алба доби црвен картон во 78. минута, а гостите сè што направија беше почесниот гол на Гомеш во 84. минута, по асистенција на Лионел Меси.
Во второто четвртфинале Пачука го совлада Хередијано од Костарика со 2-1 и со вкупни 7-1 во двата дуели се пласира во двомечот за финале. Таму ќе ги одмерат силите против Клуб Америка во дербито на Мексико.