Англискиот премиерлигаш Њукасл го сврте своето внимание врз шведскиот интернационалец и член на Реал Сосиедад, Александер Исак. Фудбалерот кој е роден во Шведска, а со потекло од Еритреја, го сврте вниманието на „страчките“ кои се спремни дури да го урнат својот рекорд за трансфери.
Имено тие се спремни да дадат 40 милиони фунти за ангажман на 22-годишниот шведски репрезентативец. Досегашниот рекорд изнесуваше 37 милиони фунти кои Њукасл ги плати на Хофенхајм за ангажман на Жоелинтон во сезоната 2019/20.
Исак исто така е на радарот и на Реал Мадрид, но засега Њукасл нуди повеќе. Инаку младиот фудбалер пред да дојде во Сосиедад играше и за Борусија Дортмунд и за АИК од Стокхолм.