Носителот на „Златната топка“, голгетерот на кралскиот клуб Карим Бензема, го пропушта гостувањето на Реал Мадрид кај Осасуна, пренесува „Марка“. Бензема поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар, но во јануари се врати и одигра неколку натпревари во низа за „кралевите“.
Сепак, тој претрпе уште една повреда и повторно пропушти два натпревари во февруари.
Стручниот штаб на Реал Мадрид стравува дали Бензема ќе биде подготвен за претстојниот осминафинален дуел од ЛШ против Ливерпул следната недела.