Лука Модриќ е во исчекување на нов договор од Реал Мадрид и негова желба е да остане во „кралскиот клуб“, а согласни со тоа се и сите фанови кои од ден во ден се уверуваат во неговите квалитети и на 37-годишна возраст.
Хрватот влегува во ветеранските води кога е фудбалот во прашање и поради тоа Перез му ги продолжува договорите за само една година, но навивачите веруваат дека ќе добие уште една награда за сето она што го прикажува и оваа сезона.
За разлика од претходните сезони, Карло Анчелоти оваа доста почесто го дозира Лука и го чува за најважните натпревари и моменти, но искусниот Модриќ не ја крие магијата ниту на тренинзите.
Изминативе сезони, Модриќ се специјализираше за „тривела“ мајсториите на фудбалските терени, но на последниот тренинг, режирал и магија препознатлива за футсал терените.
Лука извел магија со „шпиц“ и прекрасно ја сместил топката во аголот, по што со подзинати усти останале сите негови соиграчи.
– Сакам да го видам овој гол после пријателе…..