Македонскиот репрезентативец, на својот профил на Инстаграм, го понуди на аукција својот дрес од Наполи, потпишан од соиграчите со цел парите од продажбата да заминат на оние на кои им се најпотребни. Тој објави и видео во кое се обрати самиот и повика за помош.
„Многу ми е жал за мојата земја. Се обидувам да направам што можам. Покрај помошта која досега ја дадовме, планираме да донираме и од Наполи како тим и се надеваме дека тие средства ќе стигнат како донација во Турција што е можно побргу. Ја очекуваме и вашата помош“, изјави Елмас на турски јазик.
Медиумите од оваа земја веднаш го пренесоа овој гест на македонскиот репрезентативец, кој исто така сподели и фотографии од Виктор Осимен, Хвича Кварацхелија и Пјотр Зјелински, кои исто така ќе продадат свои дресови.
Елмас ја започна својата интернационална кариера во Турција, поточно во Фенербахче, каде што помина две сезони.