Екипата на Реал Сосиедад успеа да ја запре машинеријата на Жирона, и го преживеаа гостувањето кај овосезонскиот хит во Примера, играјќи реми (0-0) во 23. коло.
Најголемите возбудувања во првото полувреме се случија во 24. и 31. минута. Домашниот напаѓач Херера по една одлична тимска акција ја смести топката со глава во мрежата на Реал Сосиедад, но по реакцијата од ВАР собата неговиот гол беше поништен. Неколку минути подоцна гол постигнаа и гостите, но овој пат линискиот судија имаше одлична прегледност и оправдано го подигна знаменцето и така голот на Ојарзабал не беше признат.
Реал Сосиедад имаше свои шанси, но не ги искористи, па мрежите на двете екипи мируваа до последниот судиски свиреж.
Жирона остана на втората позиција со 56 бодови, односно еден поен помалку од Реал Мадрид, додека Реал Сосиедад е шести со 37 бода.