Екипата на Болоња беше подоброд од Сасуоло на домашен терен со 4-2 и се врати во игра за Лигата на шампиони.
Торствед со голот во 13. минута донесе предност на Сасуоло од 1-0, а потоа Вити со автогол донесе израмнување за домаќините. Сепак, Волпато ги врати гостите во водство во финишот на првото полувреме.
Болоња почна да се буди по 73. минута, кога Фабиан најпрво израмни на 2-2, а потоа стрелци беа Фергусон и Саелемакерс за конечни 4-2.
Тимот на Сасуоло со поразот остана на 15. место, додека Болоња се израмни со Аталанта на четвртата позиција со 36 бодови.