Фудбалерите на Брајтон одиграа уште еден спектакуларен натпревар во Премиер лигата. Избраниците на де Зерби му одржаа фудбалска лекција на Кристал Палас и со 4-1 ја остварија деветтата сезонска победа и го прескокнаа Манчестер Јунајтед на табелата.
„Галебите“ денешните три бода ги обезбедија уште во првото полувреме. Данк погоди за 1-0 во третата минута, а потоа во 33. и 34. минута мрежата на гостите ја стресоа Хишелвуд и Буананонте. Во вториот дел Матета намали на 3-1, но Жоао Педро во самиот финиш ги постави конечните 4-1.
За разлика од дуелот на „Амакс“, на останатите два натпревари од попладневната програма во Премиер лигата имаше доста возбудувања. Фулам на гости кај Барнли прокоцка водство од 0-2 и освои само бод, додека најлуд беше натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ на кој Њукасл анулира два гола негатива и одигра 4-4 против Лутон.
Паулиња и Муниз уште во раната фаза од натпреварот на „Трф Мур“ донесоа водство за Фулам од 0-2, но по полувремето Фофана со два гола донесе голем бод за Барнли.