Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано стартуваа успешно во новата сезона во Ла Лига. Македонскиот голман не прими гол, а неговиот тим триумфираше на гости со 2-0 кај Алмерија.
Димитриевски беше извонреден на голот на Рајо Ваљекано и не дозволи неговата мрежа да се затресе.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме и двата беа од пенал. Прво погоди Палазон во 20. минута, а осум минути подоцна реализираше и Нтека.