Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова денеска потпиша нов договор со шпанскиот тим Леванте, каде што ќе остане до 2024 година.

Андонова сезонава постигна три гола и три асистенци за женската екипа на Леванте, а со тоа ѝ помогна да заврши на шестата позиција во домашниот шампионат.

Македонската фудбалерка пристигна во Леванте во 2019 година од Барселона, а од тогаш настапи на 78 натпревари за Леванте во сите натпреварувања и постигна 11 погодоци.

https://twitter.com/Levante_ND/status/1529817687072858114?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529817687072858114%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fandonova-go-prodolzhi-dogovorot-so-levante-do-2024-godina