Торински Јувентус оствари сигурен триумф од 2-0 против мексиканскиот тим Чивас Гвадалахара во првиот претсезонски натпревар кој се одигра во Лас Вегас. Марко да Граса го отвори резултатот во десеттата минута на асистенција на Анхел Ди Марија, а Матија Компањон стрелаше во 80.минута од мечот.
Во следниот натпревар Јувентус ќе се соочи со Барселона на 27 јули, а на 31 јули „бјанконерите“ ќе се сретнат со Реал Мадрид.