Поранешниот европски шампион Челзи беше на чекор до ангажман на стоперот Жил Кунде од Севилја за 55 милиони фунти, но последните информации од Шпанија се дека дефанзивецот всушност потпишува за Барселона.
Според новинарот Џерард Ромеро, трансферот е 99 отсто договорен и Кунде наскоро ќе потпише за Барселона. Ако се реализира и овој трансфер, може да се каже дека Каталонците го имаат најдобриот преоден рок во Европа.
Претходно како слободни агенти потпишаа со Андреас Кристенсен и Франк Кеси, а за големи пари ги договорија Рафиња од Лидс и Роберт Левандовски од Баерн Минхен.