Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја започнува годината на најдобар можен начин, и тоа со гол и асистенција во победата на Абердин против Рос Каунти (3-0).

Миовски по само 24 минути му асистираше на неговиот колега Џејми МекГрат за водство од 1-0, а потоа истиот фудбалер ја зголеми предноста во 30. минута.

Абердин доминираше и во второто полувреме, а Миовски во завршницата од натпреварот на одличен начин со левата нога го матира голманот на домаќините за конечни 3-0.

Миовски сезонава за екипата постигна девет голови и две асистенции, а Абердин се наоѓа на осмата позиција по 18 одиграни кола со 22 бода.