Екипата на грчкиот Олимпијакос испиша нова страница во својата историја откако за првпат обезбеди пласман во полуфинале од европските купови, поточно во Конференциската лига.

Грчкиот тим триумфираше на пенали на гостувањето кај Фенербахче со 3-2 откако по 120 минути игра, резултатот беше 1-0 за домашниот тим. Првиот меч во Пиреја заврши со триумф на Олимпијакос со 3-2, поради што се пристапи кон изведување пенали.

Херој беше голманот на Олимпијакос, Цолакис кој ги одбрани ударите на Тадиќ, Ундер и Бонучи. Грчкиот тим можеше да ги реши сите дилеми пред ударот на Бонучи, но шутот на Родинеи го одбрани Ливаковиќ, топката удри во пречката, па на гол-линијата, но не ја помина. Сепак, Цолакис подоцна го одбрани ударот на италијанскиот ветеран и Олимпијакос обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со Астон Вила.

Клуб Бриж без поголеми проблеми успеа по вторпат да го совлада тимот на ПАОК и славеше со 0-2 (0-2) во реваншот во Солун, и се пласира во полуфинале на двобој со Фиорентина.

Шпанецот Феран Јутгла беше автор на двата погодока за белгискиот гигант и го однесе својот тим во полуфиналето од Конференциската лига, славејќи со севкупни 3-0 во двомечот со грчкиот претставник.

РЕЗУЛТАТИ
Фиорентина – Викторија Плзен 2-0 (прв натпревар 0-0)
Лил – Астон Вила 2-1 (1-2), 3-4 на пенали
Фенербахче – Олимпијакос 1-0 (3-2), 2-3 на пенали
ПАОК – Бриж 0-2 (0-1)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Астон Вила – Олимпијакос
Фиорентина – Бриж