Фудбалерите на Арсенал го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:1 во натпревар кој може да биде решавачки во борбата за место во Лигата на шампиони за наредната сезона.
Откако „топџиите“ поведоа со преку Тавареш и Сака, Манчестер Јунајтед се врати во игра преку Кристијано Роналдо. Португалецот погоди и намали на 2-1, а потоа следеше емотивен гест.
Имено, откако се поздрави со соиграчите и го прослави погодокот, Роналдо се сети на својот загубен син и покажа кон небото. Португалската ѕвезда и неговата сопруга Георгина загубија едно од близначињата при раѓањето, поради што Роналдо мина период надвор од тимот.
Натпреварот го реши Гранит Џака кој за завери победата на топџиите.