Екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед го играат дербито од 34. коло во Премиер лигата. Иако се долгогодишни ривали, навивачите на Арсенал покажаа почит кон Кристијано Роландо и во седмата минута со овации му аплаудираа на португалскиот ас, како што тоа го направија навивачите на Ливерпул пред три дена.
Имено, Роналдо и неговата партнерка Георгина го загубија новородениот син, поради што Португалецот не играше на дербито со Ливерпул кое Јунајтед го загуби со 4-0.
По првото полувреме на „Емирати“, Арсенал води со 2-1 со головите на Нун Тавареш и Букај Сака, додека Роналдо погоди за намалување на водството. Така искусниот напаѓач влезе во историјата, постигнувајќи 100 гола во три различни лиги каде настапува, но и во четвртиот дрес во кариерата. Брилијантниот португалски напаѓач одамна ја надмина границата од 100 гола за националниот тим (115), а по 100 гола има уште во Примера и Серија А.