Дербито меѓу Валенсија и Вилјареал заврши со победа на домашниот тим од 3-1 во рамки на 19. коло од шпанската Ла Лига.

Јаремчук во шестата минута им го зададе првиот удар на гостите, а потоа Пепелу од пенал зголеми на 2-0 за Валенсија.

Вилјареал не успеа да се стабилизира ниту во вториот дел, па набрзо прими и трет гол, а повторно стрелец беше Пепелу со удар од белата точка, додека Морено го постигна почесниот гол за „жолтата подморница“ дури во 73. минута.

 

Валенсија со оваа победа се најде на деветтата позиција во шпанската Примера со 26 бодови, додека Виљареал е тринаесетти со 19 бода.